Путин: Русија е отворена за дијалог доколку Украина ги прифати новите територијални реалности

Од:

Русија е отворена за дијалог со Украина под услов Киев да ги прифати „новите територијални реалности“ настанати по руската офанзива, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин „повтори дека Русија е отворена за сериозен дијалог – под услов властите во Киев да ги почитуваат добро познатите и постојано изнесени барања и да ги земат предвид новите територијални реалности“, се вели во соопштението на Кремљ.

Анкара претходно денеска објави дека Ердоган го повикал Путин да прогласи „едностран прекин на огнот” во Украина.

„Повиците за мир и преговори меѓу Москва и Киев треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот“, соопшти турското претседателство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски