Путин: Русија нема да го предаде Сноуден на САД

Од:

Русија нема да го предаде Едвард Сноуден на САД, бидејќи двете земји немаат склучено договор за екстрадиција, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој потврди дека Русија може да екстрадира само граѓани на држави со кои има договори за предавање на криминалци.

„Сноуден не извршил никаков криминал на територија на Русија“, нагласи Путин.

Путин истакна дека руските специјални служби никогаш не работеле и не работат со поранешниот службеник на американската Агенција за национална безбедност.

„Доаѓањето на Сноуден во Москва беше сосема неочекувано за нас“, истакна шефот на руската држава, оценувајќи ги сите обвиненија на САД против Русија во врска со ова прашање како „невистини и глупости.

Путин објасни дека 30-годишниот Американец останува во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметиево“, не ја поминал руската граница и не му е потребна виза за престој на аеродромот. Истовремено, тој додаде дека колку побрзо Сноуден избере дестинација каде што ќе замине, толку подобро ќе биде и за него и за Русија.

Би можело да ве интересира

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“