Путин: Русија ќе спречи странско мешање во демократскиот изборен процес

Од:

Русија ќе спречи какво било странско мешање на претстојните избори, изјави денеска претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

„Секое мешање во внатрешните работи на Русија ќе биде запрено и потиснато, во согласност со рускиот закон. Ќе ја заштитиме слободата на нашиот народ, неговиот суверенитет и правото да ја изберат својата иднина. Народот и само народот на Русија се единствениот извор на моќ во нашата земја“, рече Путин на средбата со партиските лидери во Долниот дом на Државната дума.

Тој додаде дека предизборната кампања треба да биде конкурентна, а изборите да се спроведат на транспарентен и легитимен начин со почитување на демократските процедури.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра