Путин: Русија ќе го зголеми потенцијалот и борбената готовност на своите вооружени сили

Од:

Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената готовност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Во видео обраќање, Путин им го честиташе на Русите Денот на бранителот на татковината, кој се слави денес, објави РИА Новости.

Путин нагласи дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата армија и морнарица, нагласувајќи дека апсолутен приоритет е развојот на нуклеарната тријада како гаранција за националната безбедност.

– Квалитативно ќе го зголемиме потенцијалот на сите други родови и служби на вооружените сили, ќе ја подобриме нивната борбена готовност, мобилност и способност за дејствување во какви било, дури и во најтешки услови, најави Путин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

Виткоф се среќава со Путин во Санкт Петербург

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски