Путин: Русија има застрашувачки подморници

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на церемонијата на подигнување на знамето на нуклеарните подморници „Краснојарск“ и „Императорот Александар Трети“ изјави дека им нема рамен во светот и дека се застрашувачки.

Путин беше во северниот град Северодвинск, каде што рече дека руската морнарица се зајакнува со најсовремена опрема и оружје.

„Наскоро „Александар III“ и „Краснојарск“ ќе почнат да го надгледуваат Пацификот“, рече Путин.

Според Спутник, во тек е изградбата на уште пет подморници, од типот „Јасен М“, а во завршна фаза е и крстосувачот „Архангелск“.

Според официјалните податоци, „Краснојарск“ е повеќенаменска нуклеарна подморница од проектот „Јасен-М“.

Припаѓа на четвртата генерација на подморнички бродови.

Официјално е објавено дека овие подморници се вооружени со крстосувачки ракети „Оникс“ и/или „Калибер“.

Се планира нивно вооружување со хиперсонични ракети „циркон“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски