Путин: Русија е светски лидер во нуклеарната технологија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е светски лидер во нуклеарната технологија и помага да се создаде нуклеарна енергија од нула во неколку странски земји.

„Русија е светски лидер во нуклеарната технологија. Со наша помош, нуклеарната индустрија во странски земји се создава речиси од нула, се гради целиот сектор, се обучуваат експерти, се развива потребната инфраструктура во согласност со најстрогите еколошките прописи, рече тој на церемонијата на истурање на првиот бетон во нуклеарната централа Ленинград“, пренесува ТАСС.

Путин исто така истакна дека „Росатом гради 22 блока во седум земји“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра