Путин: Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје во случај на закани

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека денеска земјата е подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку постои закана за руската државност, суверенитет или независност.

Во изјава за руските медиуми, Путин рече дека се надева оти Америка ќе избегне каква било ескалација што може да доведе до нуклеарна војна, но нагласи дека руските нуклеарни сили се подготвени за тоа. Путин истакна дека до сега немало потреба од употреба на нуклеарно оружје во Украина, пренесува РИА Новости.

Тој исто така изрази уверување дека Москва ќе ги постигне своите цели во Украина, како и дека е отворен за разговори, но за секој договор ќе бидат потребни цврсти гаранции од Западот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра