Путин: Русија е подготвена да ги брани своите интереси, ќе го победиме непријателот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека западните земји донеле неколку одлуки кои не го почитуваат меѓународното право и, како што рече, „го пуштиле џинот од шишето“, а во врска со тоа потсети на настаните во Југославија и поделбите на српскиот народ.

„Западот донесе одлуки кои беа целосно некомпатибилни со Повелбата на Обединетите нации. Тие едноставно го пуштиле џинот од шишето. Сетете се на настаните во Југославија. Сега нема да давам никакви проценки, тоа е сложен процес, но ќе ги споменам поделбите на српскиот народ“, рече Путин денес на состанокот со припадниците на руската морнарица, пренесува ТАСС.

Тој истакна дека годините агресивни дејствија на Западот против Русија го предизвикаа конфликтот во Украина и ја принудија Москва да започне специјална воена операција.

„Тие извршија државен удар во Украина, крвав и неуставен, но целиот Запад се преправаше дека не е ништо страшно, дека едноставно мора да биде така. Токму овие акции нè принудија да започнеме специјална воена операција, обидувајќи се да ги завршиме воените акции што Западот и режимот во Киев веќе ги започнаа во дел од тогашна Украина“, рече Путин.

Тој потсети дека западните земји му ветиле на Михаил Горбачов дека нема да го прошират НАТО на исток, но „не им било грижа за сите нивни ветувања или за безбедносните интереси на Руската Федерација“.

Путин денес на состанокот со припадниците на руската морнарица нагласи дека присуството на руските вооружени сили во арктичката зона не претставува закана за никого, туку напротив ги штити интересите на Руската Федерација.

Тој исто така рече дека моќта на една држава се состои од многу компоненти како што се економијата, финансиите, безбедноста на информациите и индустријата.

„Се чувствуваме многу смирени и самоуверени бидејќи меѓународното право е на наша страна. Имаме способност целосно да ги браниме нашите интереси. Ќе направиме сè за да го победиме непријателот. Победата е наша“, рече Путин.

Рускиот претседател рече дека малку земји имаат оружје како ракетите Циркон и дека Русија ги подобрува овие ракети.

„Нема многу земји во светот што имаат такво оружје. Ние не само што го имаме, туку и го подобруваме и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Москва: Потезите на Молдавија, по налог на западните ментори, ќе наидат на асиметричен руски одговор

ВИДЕО: Не бевме неподготвени, прогнозата беше погрешна, сведочи еден од преживеаните босански алпинисти

Безбедносни служби тврдат: Путин вложува милијарди во потрага по долговечност

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран

Русите нападнаа изложба на оружје во близина на Киев, има мртви и ранети

Фолкер Турк се соочува со отпор од Москва и Тел Авив за нов мандат