Путин предлага измена на рускиот Устав

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин предложи денеска измена на рускиот Устав, со која би се овозможило зголемени овластувања на Парламентот и Владата, потег кој би можел да ја нагласи неговата намера да премине на ново место, а притоа да остане на чело на власта по истекот на неговиот актуелен мандат.

Во годишното обраќање до нацијата пред пратениците во федералниот Парламент, Путин предложи измена на Уставот за да им се овозможи на пратениците да именуваат премиер и членови на Владата. Тоа право моментно го има претседтелот на државата.

– Тоа ќе ја зголеми улогата на Парламентот и парламентарните партии, власта и независноста на премиерот и сите членови на владата, истакна Путин.

Тој нагласи и дека претседателот треба да има овластување да именува високи одбранбени и безбедносни претставници.

Путин додаде дека уставните измени мора да бидат усвоени на референдум.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија