Путин повторно највлијателна личност според „Форбс“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин четврта година по ред е прогласен за највлијателна личност во светот од „Форбс“.

– Од својата татковина до Сирија, како и до американските избори, рускиот лидер продолжува да си ги постигнува целите, се наведува во образложението на „Форбс“.

На второ место е новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, а на трето место е германската канцеларка Ангела Меркел.

Потоа следи кинескиот претседател Кси Џинпинг, на петто место е папата Франциско, а на шесто место е директорката на Американската централна банка Џенет Јелан.

Според „Форбс“ на седмо место е коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, потоа директорот на „Алфабет“ и на „Гугл“ Лари Пејџ, на девето – индискиот премиер Нарендра Моди, а на десето место е основачот на „Фејсбук“ Марк Зукерберг.

Европскиот централен банкар Марио Драги е на 11. место, а новата британска премиерка Тереза Меј е на 14 место, а на 15 место е милијардерот Ворен Бафет.

Претседателот на нафтениот гихант „Ексон мобил“ Рекс Тилерсон, кој Трамп го номинираше за државен секретар е на 25 место, веднаш зад претседателот на Франција, Франсоа Оланд.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот