Путин повика британски експерти за анализа на црната кутија од Сухој 24

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика британски експерти да помогнат во анализа на содржината на црната кутија од воениот авион, што на 24 ноември беше соборен од турската армија над турско-сириската граница.

Француските медиуми го пренесуваат официјален Кремљ во изјавата дека Путин овој повик го упатил во телефонски разговор со британскиот премиер Дејвид Камерон.

„Владимир Путин ги повика британските специјалисти да учествуваат во декодирањето на податоците од црната кутија на соборениот воен авион Су-24“, се наведува во соопштението на Кремљ, објавено по разговорот меѓу Путин и Камерон.

Путин вчера на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му нареди да ја отвори црната кутија на воениот авион Су-24, но исклучиво во присуство на меѓународни стручњаци.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски