Рускиот претседател Владимир Путин денеска му додели Орден за храброст на воениот известувач Владлен Татарски, кој загина во експлозија во кафуле во Санкт Петербург. Во указот објавен на рускиот портал за правни информации, се наведува дека „Татарски е постхумно одликуван за покажаната храброст во извршувањето на професионалната должност“, пренесува РИА Новости.
Познатиот воен репортер Владлен Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, загина во неделата во експлозија во улицата бар во Санкт Петербург, во која беа повредени уште 32 лица.
Осомничената Дарија Трепова денеска е уапсена.
Таа е осомничена дека го убила Татарски давајќи му фигурина од гипс, во која имало импровизирана експлозивна направа.