Путин: Поразот значи крај на Русија

Од:

Западот мора да разбере дека поразот на Русија не само што е малку веројатен, туку и невозможен поради единството на нејзиниот народ кој разбира дека тоа би значело крај на илјадагодишната историја на земјата, тврди рускиот претседател Владимир Путин.

Говорејќи на прес-конференција во Ханој по состаноците со виетнамското раководство во четвртокот, Путин се осврна на прашањето за западните сили што ја „покачуваат температурата“ на украинскиот конфликт со постепено ескалирање на истиот.

– Очигледно очекуваат во одреден момент да се исплашиме. Но, во исто време велат дека сакаат да постигнат стратешки пораз на Русија на бојното поле. Што значи ова за Русија? За Русија тоа значи крај на нејзината државност. Ова значи крај на илјадагодишната историја на руската држава. Мислам дека тоа е разбирливо за сите, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Путин: Некои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, заборавајќи како таа заврши

Горан Наумовски