Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин достави до Државната Дума нацрт-закон за раскинување на меѓународните договори на Советот на Европа, кои се однесуваат на Русија.

Според руски медиуми, во базата на податоци на руската Државна дума регистриран е нацрт-закон за престанок на важноста на меѓународните договори за СЕ поднесен од Путин, во кој се предлага раскинување на вкупно 21 договор.

„Во врска со престанокот на членството на Русија во Советот на Европа, се смета дека од 16 март 2022 година, за Русија престанале да важат следните меѓународни договори – Повелбата на Советот на Европа од 5 мај 1949 година, Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи од 4 ноември 1950 година, Општиот договор за имунитети и привилегии, Европската конвенција за сузбивање на тероризмот од 27 јануари 1977 година, Европската повелба за локална самоуправа и Европската социјална повелба“, се наведува во документот објавен на веб-страницата на Државната дума.

На 15 март Москва објави официјална нота за нејзиното повлекување од Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права, нагласувајќи дека ќе ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права, доколку тие се во согласност со Уставот на Русија. Подоцна истиот ден. Парламентарното собрание на СЕ едногласно усвои резолуција со која го информира Комитетот на министри дека Москва не може да биде членка на Советот, а следниот ден Комитетот на министри усвои одлука дека Русија престанува да биде членка на организацијата од 16 март.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина