Путин подготвува кримско сценарио на Балтикот?

Од:

Јутарњи лист

Во Украина повторно има судири, а балтичките земји се сомневаат дека Путин планира да го анектира Балтикот или некои негови делови, како што то го направи со Крим.

Летонија, Литванија и Естонија се плашат дека Владимир Путин, со помош на бројното руско малцинство кон кое владее зголемена сомнителност, може да предизвија доњецка или осетиска криза, пишува „Јутарњи лист“.

Во Естонија и Летонија повеќе од две третини од припадниците на руското малцинство немаат државјанство во земјите во кои живеат. Тие се без државјанство или имаат руски пасоши. Руското малцинство, кое има големи интегративни проблеми во тие земји, како тоа дека се делат од тамошните Руси, не се одобрува државјанство од државите во кои живеат или во нив дури и се родени, се почесто се гледа како потенцијална пета колона. Дури и во некои анализи НАТО наведува дека Кремељ може да го искористи незадоволството на своето малцинство за да ги дестабилизира тие три држави и да предизвика немири кои би поттикнале нови сепаратистички движења и народни републики. Иако Кремељ постојно зборува дека не му е тоа целта, бидејќи поради историските отповарувања и гревот кон тие држави нив не ги сврстува во својот постсоветски атар, за разлика од Украина, Грузија или Белорусија, сепак постојат јастреби кои се волни да ги плашат и да праќаат вознемирувачки сигнали кон Балтикот.

Чепкањето на мечката на западните граници на Русија ја враќа Европа во студена војна, предизвикува тензии меѓу Западот и Русија и создава депресивен антируски кордон.

Русија моментално е во затегнати односи со сите свои европски соседи од Арктикот до Црно море, од Норвешка преку Финска, наведените Балтички држави и Полска, до Украина.

Експертите на НАТО постојано истакнуваат дека Балтикот може да биде ново жариште.

Но, балтичките држави се само еден сегмент од сложувалката на руско-западните односи предизвикани од украинската криза, вели рускиот аналитичар Александар Грушчин.

Украина послужи само како подстрек за тоа сите сомнежи и стравови да испливаат на површина.

Балтикот навистина е најранлив дел, со многу историски и политички товари од релативно неодамнешното минато во односите на Русија со Литванија, Летонија и Естонија, земји кои дуваат и на студено кога е Москва во прашање.

Понекогаш ќе одат и против сопствените интереси само Русија да биде што подалеку, ако не физички, што е невозможно, тогаш во секоја друга смисла.

Во балтичките републики ги откажуваат настапите на руските естрадни ѕвезди, гостувањата на москофскиот театар, нема руски филмови, го кабловските телевизии ги симнуваат руските канали. Неодамна е укинат и возот Талин – Москва, за кој Русите тврдат дека бил рентабилен, а Естонците велат дека не се исплател. Русите откажаа увоз на риба и производи од риба од Балтикот, што е над 60 отсто од нивниот извоз на морски плодови. Во Литванија рафинеријата ја продадоа на Полјаците и ја откажаа руската нафта со која рафинеријата е споена со нафтоводот, па сега со танкери довезуваат нафта и потоа ја транспортираат до рафинеријата, наводно губејќи милиони евра месечно на тоа. Естонија не сакаше да учествува во Северниот тек, гасоводот преку Балтикот. Но, тоа е цена на политиката – што подалеку од руската куќа.

Летонија повторно сака да воведе редовен воен рок. Балтичките држави ги сакаат американските воени бази на својата територија. Подигнати се резервистите, а разни патриотски партии спроведуваат воени вежби со своите членови по шумите, подготвувајќи се за партизански отпор. Бројот на блиските средби со НАТО и руската авијација и повредата на воздушниот простор на балтичките држави кон крајот на 2014 година и почетокот на 2015 го надмина бројот на таквите инциденти во последните 15 години. Колку е тоа сериозно? Колку тамошните жители навистина се во страв, а руската закана реална реална, тешко е да се каже, но тоа има длабоки корени во односите на Русија со тие држави. Путин порачува – Судир со НАТО може да посака само лудак. Во случај на такво сценарио следи само катастрофа, за која сите се свесни.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски