Путин: Подготвен сум да го слушнам ставот на европските партнери за прашањето за решавање на конфликти

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е подготвен да го слушне ставот на европските партнери за прашањето за решавање на ситуацијата во Украина, имајќи предвид дека унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Москва како претседавач со Европскиот совет.

„Се разбира, подготвен сум да разговарам со вас (унгарскиот премиер Виктор Орбан) за нијансите на ова прашање (решавањето на ситуацијата во Украина) и се надевам дека ќе ме запознаете со вашиот став, ставот на европските партнери – изјави Путин за време на посетата на Орбан.

Орбан му се заблагодари на Путин за приемот и рече дека, „според сите сметки, Унгарија ќе стане единствената земја во Европа што ќе може да разговара со сите“.

Зборувајќи за билатералните односи, Путин изјави дека има пад на трговската размена меѓу Русија и Унгарија за 35 отсто, како и дека има проекти кои се во тек.

Пред да ја посети Москва, Орбан го посети Киев за прв пат по 12 години, каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски.

Високите европски претставници истакнаа дека Орбан не добил никаков мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москва и дека неговиот престој во руската престолнина ќе се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.

Истото го изјави и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чиј член е Унгарија.

Тој напомена дека Орбан патува во Москва во својство на премиер на Унгарија и дека нема да го претставува НАТО во Москва, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Путин: Некои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, заборавајќи како таа заврши

Горан Наумовски

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски