Путин одржа говор: Ова е тежок момент за Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го одбележа националниот ден на Русија во понеделникот повикувајќи се на патриотската гордост на Русите во услови на, како што рече, „тешките времиња“ за земјата. Сепак, говорејќи на раскошната церемонија на доделување награди во Кремљ, Путин директно не ги коментираше најновите случувања во Украина, каде силите на Киев во изминатите неколку дена ја започнаа долгоочекуваната контраофанзива и повторно зазедоа неколку села во источниот регион Доњецк.

Овој национален празник ја означува неразделноста на нашата вековна историја, големината и славата на татковината, им порача Путин на насобраните достоинственици.

„Денес, во тежок момент за Русија, чувствата на патриотизам и гордост го обединуваат нашето општество уште посилно… и служат како сигурна поддршка за нашите херои кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Крајот на војната е поблиску отколку што некој мисли вели Зеленски

Зеленски ги објави деталите за неговиот „план за победа“