Путин очекува самитот со Бајден да помогне во воспоставување дијалог

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува неговиот самит со американскиот претседател Џо Бајден да помогне во воспоставување дијалог меѓу двете земји и лични контакти, соопштија денеска руските медиуми.

Путин и Бајден ќе ја имаат својата прва лидерска средба во среда, на 16 јуни, во Женева, во ек на затегнати билатерални односи, а на средбата двајцата ќе треба да разговараат за широк спектар прашања.

-Да ги обновиме нашите лични контакти, односите, да воспоставиме директен дијалог, да создадеме навистина функционални механизми во оние области што претставуваат заеднички интерес …“, вели Путин во извадок од интервјуто за државната телевизија, што ќе се емитува подоцна.

Тој, исто така, вели дека Русија ќе биде подготвена да им ги предаде кибер криминалци на САД доколку Вашингтон го стори истото за Москва и ако двете сили постигнат договор за тоа, јавија руските медиуми.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Бајден на самитот во Женева ќе го отвори прашањето за хакерски напади што доаѓаат од Русија.

-Ако се согласиме да ги екстрадираме криминалците, тогаш секако дека Русија ќе го стори тоа, ние ќе го сториме тоа, но само доколку другата страна, во овој случај САД, се согласат да и ги екстрадираат криминалците на Руската Федерација, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски