Путин: Нуклеарната тријада останува гарант на суверенитетот на Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека треба да се посвети посебно внимание на нуклеарната тријада и дека таа останува гарант на суверенитетот на Русија, откако денес започна серија состаноци за анализа на клучните параметри на новата програма за државно вооружување на Русија.

Тој рече дека програмата за периодот од 2027 до 2036 година треба да постави насоки за формирање долгорочни планови за производство на одбранбената индустрија, и дека таа мора да биде поврзана во однос на роковите и активностите со програмата за развој на воено-индустрискиот комплекс, објави РИА Новости.

Путин рече дека Русија треба да ги земе предвид глобалните трендови во развојот на воените технологии, особено затоа што бројот на земји што активно работат во оваа насока расте.

Би можело да ве интересира

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент