Путин: Новите санкции на САД против Русија ќе ги влошат билатералните односи

Од:

Новите санкции на САД против Русија нема да „ја притиснат земјата во ѕид“, но ќе им наштетат на билатералните односи, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Што и да се случи, каква одлука и да донесат преку океанот, тоа нема да не „притисне во ѕид“, нагласи Путин.

– Сигурно ќе биде наложено да коригираме нешто, да направиме нешто дополнително, на нешто да обрнеме дополнително внимание, но тоа нема да не турне во ќор-сокак или во некаков колапс, увери рускиот претседател.

– Сепак, природно ќе ги отежни руско-американските односи, според мене тоа е штетно, предупреди тој.

– Сега, сепак е премногу рано да се зборува за било какви одмазднички чекори, треба да видиме како ќе завршат работите, додаде Путин.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија