Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Од:

Русија никогаш не отфрлила мирно решение на конфликтот со Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Претседателот на Белорусија денеска ја започна дводневната посета на Белорусија, а Путин рече дека планира со него да разговара за безбедносни прашања и да го информира за ситуацијата на фронтот.

„Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина, згора на тоа, се стремевме кон тоа“, рече Путин.

Рускиот претседател му рекол на својот белоруски колега дека, доколку е потребно, ќе го контактира за да ги продолжи консултациите за мирно решавање на конфликтот во Украина.

„Ако има потреба, дозволете ми да ве контактирам, можеби ќе продолжиме со консултациите за ова прашање“, му рекол Путин на Лукашенко.

Зборувајќи за претстојната мировна конференција за Украина во Швајцарија, Путин истакна дека Русија не е поканета на тој настан, а во исто време велат дека тоа е невозможно без неа.

„Сега, како што знаете, се промовира идејата да се одржи некаква конференција во Швајцарија. Не покануваат таму. Згора на тоа, мислат дека нема што да правиме таму. Во исто време, велат дека ништо не може да се реши без нас.А бидејќи не сме таму да одиме, тоа е веќе луда куќа“, рече рускиот лидер.

Путин додаде дека Москва е против наметнување на шеми за решение на украинската криза кои немаат основа во реалноста.

„Уште еднаш, сакам да нагласам дека ги поддржуваме преговорите за мирно решение, но не во формат да ни наметнуваат какви било шеми кои немаат врска со реалноста“, рече рускиот лидер, коментирајќи ја иницијативата на Швајцарија за одржување самит за Украина без Русија.

Би можело да ве интересира

Володин: Секоја дискусија за убиството Путин е почеток на нуклеарна војна

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Песков: Руските специјални служби се грижат за безбедноста на Путин

Путин ја спореди опсадата на Ленинград со холокаустот

Путин: Војната во Украина можеше да биде избегната ако Трамп тогаш беше претседател на САД

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп, чекаме сигнали од Вашингтон