Путин: Нема мир – започнува нова офанзива

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го отфрли предлогот на неговите советници за прекин на борбите по сегашната фронтова линија и ги прекори за тоа, објави Ројтерс, повикувајќи се на три извори блиски до Кремљ.

Според нив, Путин сè уште има намера да ја продолжи војната за освојување на остатокот од Донбас.

Два извори изјавија дека украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии, пристаништа и енергетска инфраструктура дополнително ја зајакнале решителноста на Путин, наместо да го охрабрат да преговара.

Еден од изворите, кој редовно се среќава со Путин, рече дека рускиот претседател е „заглавен“ на целта за целосно освојување на Донбас.

Според Ројтерс, Путин неодамна ја критикуваше групата советници кои предложија замрзнување на конфликтот по постојната фронтова линија како основа за прекин на огнот.

Друг извор тврди дека Путин верува дека руските сили на крајот ќе го преземат остатокот од Донбас и затоа не е подготвен за компромис.

Според истите извори, постои голема веројатност Русија дополнително да ја ескалира војната во наредните месеци, наместо да се движи кон мировни преговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски