Путин: Не сум посготвен јавно да говорам за мојот приватен живот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е свесен оти луѓето се интересираат за неговиот приватен живот, но додаде дека тој се уште не е подготвен да ги задоволи со бараните информации.

Како што јави ТАСС, на прашањето кога јавноста ќе ја запознае прва дама на Русија, Путин шеговито одговори: „Искрено, не знам како ќе влијае тоа на курсот или на цената на нафтата“. 

– Луѓето ги бираат пратениците и претседателите со цел тие ефикасно да работат, а нивниот личен живот не е од приоритетно значење, наведе Путин.

Тој додаде дека за него е разбирливо што луѓето ги интересираат деталите од неговиот приватен живот. 

– Сепак тоа не е толку важно. А можеби и би можел еден ден да го задоволам вашиот интерес, рече Путин, одговарајќи на прашањата на еден сонародник за време на „Директната линија“ со граѓаните.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски