Путин не сака во Русија „талибанци маскирани во бегалци“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја повика својата земја да го спречи приливот на бегалци од Авганистан, каде власта ја презедоа талибанците, велејќи дека џихадистите можат да влезат во земјата под маска на баратели на азил.

– Нашите западни партнери упорно го поставуваат прашањето за сместување бегалци во земјите од Централна Азија пред да добијат визи за САД или други земји, рече тој на состанокот на претставници на владејачката партија Единствена Русија. – Но, кој е меѓу овие бегалци? Како можеме да знаеме?, праша рускиот претседател.

Тој процени дека „стотици, дури и стотици илјади, а можеби и милиони“ луѓе би сакале да го напуштат Авганистан.

„Неколку поранешни советски републики во Централна Азија ја делат границата и со Авганистан и со Русија, дозволувајќи им на „борците маскирани како бегалци“ да стигнат до земјата“, рече рускиот претседател.

За ситуацијата во Авганистан ќе се дискутира утре на онлајн самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност, воена алијанса на неколку поранешни советски републики предводена од Русија. Путин веќе изрази загриженост во петокот, велејќи дека „терористите“ би можеле да влезат во соседенни земји на Авганистан, вклучително и „под маската на бегалците“.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп