Путин не сака да ги види лидерите на Г7 соблечени: Тоа би било одвратна глетка

Од:

Доколку лидерите на Г7 би ја соблекле облеката на неодамнешниот самит во Германија, тоа би било „одвратна глетка“, смета рускиот претседател Владимир Путин.Лидерите на Г7 додека позираа за заедничка фотографија, се пошегуваа околу склоноста на Путин кон фотографии без маица.
– Не знам како планирале да се соблечат, над или под струкот, додаде Путин пред новинарите при својата посета на Туркменистан, но, според него, „во секој случај тоа би било одвратна глетка“.

Путин потоа ги советуваше лидерите на Г7 дека потребно е вежбање и помалку пиење за постигнување хармонија меѓу телото и душата, јави руската новинска агенција Тасс.

Британскиот премиер Борис Џонсон во неделата, додека седеше заедно со своите колеги, лидери од Г7, праша дали треба на фотографијата да биде со јакна.

– Мораме да покажеме дека сме поцврсти од Путин, додаде Џонсон.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо тогаш се пошегува дека за тоа би било потребно „да јаваат коњи голи до струкот“, мислејќи на честите пози на Путин за „мачо“ фотографии, како кога јава коњ без маица.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец