Путин најави „сериозен разговор“ со ФСБ

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе има „сериозен разговор“ со Федералната служба за безбедност (ФСБ) на земјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин денеска ќе учествува на состанокот на Комитетот на Федералната служба за безбедност. Претседателот ќе одржи говор, чиј дел ќе биде отворен“, рече Песков.

„Претежно, ќе се работи за сумирање на минатогодишните резултати на ФСБ и поставување на изгледите за следната година“, додаде тој.

Обраќањето на Путин до нацијата пред една недела траеше околу час и 45 минути. На крајот од говорот тој објави дека е суспендирано учеството на Русија во договорот за Нов старт, кој беше потпишан со САД.

Откако ги обвини НАТО и САД за недостаток на соработка, тој рече: „Затоа сум принуден да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за стратешка контрола на вооружувањето“. Сепак, тој посочи дека ова не е повлекување од договорот.

Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори истото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина