Путин национализираше филијала на голема компанија: Бизнисот му го препушти на внукот на Кадиров

Од:

Одлучено е 32-годишниот внук на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров да раководи со руските операции на Данон, откако Кремљ ја презеде контролата врз локалните операции на францускиот производител на храна. Јакуб Закриев, заменик-премиер на Чеченија и нејзин министер за земјоделство, е назначен за генерален директор на Данон Русија, покажуваат официјалните документи.

Закриев е син на постарата сестра на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој на социјалните мрежи го нарече „драг внук“. Кадиров е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и јавно ја поддржува руската инвазија на Украина, пишува Телеграф.

Назначувањето на внукот на регионалниот воен лидер да го води Данон Русија доаѓа откако Путин во неделата потпиша указ за официјално преземање на контролата врз работењето на француската компанија. Данон поседува брендови како Алпро, Актимел и Евиан.

Кремљ ги презеде локалните операции на многу западни компании кои решија да ја напуштат земјата по инвазијата на Украина, што предизвика обид на сојузниците на Путин да ја преземат контролата врз нејзините најпрофитабилни средства.

Русија, исто така, ги презеде локалните операции на Карлсберг изминатиот викенд, додека двајца други сојузници на рускиот лидер, Јури и Михаил Ковалчук, покажаа интерес за подружницата на Карлсберг, според Фајненшл тајмс.

Закриев, кој студирал економија на Московскиот државен универзитет, работи во чеченската влада од 2013 година на различни позиции. Чеченскиот министер за национална политика Ахмед Дудаев рече дека Закриев има „огромно искуство да работи на најодговорни позиции“.

„Неговиот избор за генерален директор на Данон Русија покажува дека претставниците на тимот на чеченскиот претседател и херој на Русија Рамзан Ахматович Кадиров се талентирани и успешни менаџери“, рече тој. Данон минатиот октомври објави дека ќе се откаже од контролата на својот бизнис со млечна храна во Русија.

Би можело да ве интересира

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници