Путин му испрати телеграма со сочувство на Оланд поради нападот во Ница

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во телеграмата со сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд наведува дека е шокиран од „бруталноста и цинизмот“ на терористичкиот напад во Ница. 

– Бруталноста и цинизмот на злосторството извршено на францускиот национален празник се шокантни. Уште еднаш видовме дека човечкиот морал им е целосно стран на терористите, нивните жртви се недолжни цивили, вклучувајќи жени и деца, напиша Путин во телеграмата до Оланд.

Прес службата на Кремљ објави дека „рускиот претседател потврдил дека Русија е подготвена на најблиска соработка со Франција и другите меѓународни партнери во сите сфери на антитерористичките активности“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра