Путин: Москва не го поддржува режимот на Асад по секоја цена

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави денеска дека Москва не го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад по секоја цена и истакна дека прво Сиријците би требало меѓусебно да се договорат како да живеат заедно.

Путин додаде дека Москва единствено настојува да  се спречи граѓанската војна во Сирија да се води во недоглед.

– Која е нашата позиција? Дека не го поддржуваме режимот на Асад по секоја цена туку прво да овозможиме Сиријците меѓусебно да се договорат како ќе живеат заедно, изјави Путин на конференција за новинари во Москва.

– Дури потоа би требало да почнеме да бараме начини за промена на постоечката состојба, наведе Путин. Додаде дека рускиот повик за дијалог значи пред се „да се избегне бесконечна граѓанска војна“ меѓу вооружените бунтовнции и валдините сили.

– Сакаме да спречиме распад на Сирија, потенцира Путин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина