Путин: Макрон не го разбира конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека неговиот француски колега Емануел Макрон не го разбира конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно Карабах, одговарајќи на неговите обвинувања дека Москва сака да го дестабилизира Кавказот.

„Мислам дека тие изјави покажуваат недоразбирање на конфликтот и неинформираност на Франција за позициите на страните, рече Путин. Говорејќи на самитот на земјите од поранешниот СССР во Астана, Казахстан, тој додаде дека изјавите на Макрон се „неточни“ и „неприфатливи“.

Во интервјуто во средата, Макрон рече: „Русија интервенираше во тој конфликт, очигледно ја одигра играта на Азербејџан со турско учество и се врати таму за да ја ослабне Ерменија“. „Тоа е обид за дестабилизација бидејќи Русија сака да создаде хаос на Кавказ за да не ослабне и подели сите нас“, рече тој.

Тој посочи дека Франција „никогаш нема да ги напушти“ Ерменците и додаде дека во 2020 година Азербејџан започна „ужасна војна“ за заземање на Нагорно Карабах, како и „офанзиви“ во септември на границата на двете земји. Азербејџанското Министерство за надворешни работи оцени дека изјавите на Макрон се „неприфатливи“ и „пристрасни“.

Путин рече дека повторно ќе разговара со Макрон „ако има можност“. Тој ги покани и ерменскиот премиер Никола Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев да се сретнат во Русија.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите