Путин ќе го прослави роденденот без Обама

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска на индонезискиот остров Бали, каде што е во тек Азиско-пацифичкиот самит, ќе го прослави својот 61-ви роденден.

Во рамките на дводневниот собир, Путин требаше да оствари средба и со својот американски колега, претседателот на САД, Барак Обама, но тој го откажа присуството поради настанатата финансиска блокада во државата.

Наместо Обама, на самитот ќе присуствува државниот секретар Џон Кери, кој ќе се сретне со својот колера Сергеј Лавров .

Ниту Москва ниту Вашингтон не очекуваа дека Путин и Обама ќе го израдуваат светот во Бали, како што тоа го направија во Санкт Петерсбург, кога во четири очи разговараа како да се уништи сириското хемиско оружје.

Во Кремељ не кријат дека иницијативата за средба помеѓу Путин и Обама била на Русија и дека Американците ја прифатиле, но набргу соопштиле дека нивниот претседател нема да ги посети Брунеи и Индонезија, Филипини и Малезија.

Путиновиот секретар, Дмитриј Песков, изјави дека во Кремељ со разбирање ја примиле информацијата и дека Путин и Обама чекаат нова можност за средба, бидејќи постои потреба од дијалог.

На дневниот ред на планираната средба требаше да се најдат прашања од меѓународен карактер, како што е противракетната одбрана, а требало да се разговара и за Сирија.

Инаку Путин на Бали не планира да се сретне со Џон Кери. Минатата година поради претседателските избори во САД, Обама не присуствуваше на самитот на државите од Пацифичкиот регион во Владивосток, а сега е спречен поради проблеми со буџетот.

Во текот на дводневниот самит на Бали, Путин ќе има разговори со лидерите на Јапонија, Кина и Индонезија. На роденденската забава кај рускиот претседател, вообичаено присуствуваат само двајца странци, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала