Путин ја повика Јапонија да потпишат мировен договор до крајот на годината

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ѝ предложи на Јапонија двете земји да потпишат мировен договор до крајот на годинава, без предуслови.

Јапонија и Русија немаат формално склучено мир по Втората светска војна, поради спорот околу суверенитетот над Курилските Острови.

– Ајде да склучиме мировен договор. Не сега, но до крајот на годината, и тоа без предуслови, му порача Путин на јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој го посети Источниот економски форум во Владивосток.

Путин изјави дека Јапонија е клучен партнер со кого Русија сака да има добри билатерални односи.

Абе се согласи дека е важно да се има добра соработка меѓу Токио и Москва, во интерес на мирот во светот.

Во своето обраќање Путин го осуди распоредувањето на елементи од американскиот штит за противракетна одбрана на Далечниот Исток.

Според Путин, поставувањето на радарските и ракетните системи од штитот, кој е насочен пред се кон Северна Кореја, претставува голем проблем за безбедноста на регионот.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Путин

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек