Путин изрази сочувство до семејствата на загинатите во нападот во Париз

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изрази денеска сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад, кој беше извршен денеска во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз, изјави портпаролот на шефот на руската држава, Дмитриј Песков, додавајќи дека Кремљ остро го осудува нападот.

– Во врска со трагичниот инцидент во Париз, во кој како резултат на терористички напад загинаа голем број лица, претседателот Путин изрази длабоко сочувство со роднините и блиските на загинатите, а исто така и до сите жители на Париз и сите Французи, рече Песков.

– Москва одлучно го осудува тероризмот во сите негови форми, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала