Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин на таен состанок во декември 2025 година им наредил на руските разузнавачки служби и на армијата во текот на 2026 година да „го разбијат НАТО и Европската Унија однатре“, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори.

Сепак, пред состанокот, Путин јавно заземал спротивен став. Во декемвриското обраќање до руското воено раководство, тој ги обвини европските лидери дека „поттикнуваат хистерија“ поради заканата што, според нив, ја претставува Русија.

Молдавија зазема централно место во наводните напори на Кремљ за разбивање на ЕУ и НАТО. Западните разузнавачки претставници сметаат дека освојувањето на Украина е главен приоритет на Москва, додека воспоставувањето контрола над Молдавија е втор приоритет.

Иако Молдавија не е членка ниту на ЕУ ниту на НАТО, таа има стратешка позиција меѓу Украина и територијата на НАТО, пишува „Тајмс“.

Контролата над Молдавија би ѝ овозможила на Русија идеална позиција за понатамошни напади врз Украина или Западот, изјавиле претставници. Тие додаваат дека Путин и понатаму се надева дека ќе освои дел од јужна Украина и ќе воспостави копнен коридор што ќе ја поврзува Русија со Молдавија.

Мапата на планираното движење на руските сили, која белорускиот претседател Александар Лукашенко ја прикажал на почетокот на војната, покажувала руски сили кои напредуваат кон непризнатиот сепаратистички регион Придњестровје.

На почетокот на март, руски напад врз украинска хидроцентрала во близина на молдавската граница ги контаминирал резервите на вода на широк простор во двете земји.

Подоцна, руски дронови погодиле високонапонски далновод преку кој се пренесувале дури 70 отсто од електричната енергија во Молдавија, што предизвикало прекин на снабдувањето со електрична енергија.

„Волстрит журнал“ на 6 август објави дека американските разузнавачки агенции веруваат оти Путин би можел да ја тестира посветеноста на НАТО кон колективната одбрана со напад врз земја членка во периодот меѓу есента 2026 и 2029 година.

Карстен Бројер, врховниот воен командант на Германија, подоцна изјавил за „Журнал“ дека Русија систематски користи дронови за проучување на европската противвоздушна одбрана и за идентификување на слабостите што би можела да ги искористи.

Би можело да ве интересира

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

Драма во Варшава: Туск тврди дека Русија планирала атентат врз американски државјанин

Нетанјаху го навреди Лондон за да му се закани на Техеран: „Британија е првата Исламска Република со нуклеарно оружје“

Три погубувања за еден ден во САД, првпат по речиси 16 години

Зеленски: Ако Путин не сака да ја запре војната, ние ќе го сториме тоа

Путин најави одмазда за обидите за запленување на руските трговски бродови