Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за контрола на вооружувањето и иранската нуклеарна програма, соопшти Кремљ.
Двајцата лидери изразиле заедничка желба за развој на трговската и економска интеракција меѓу Русија и САД, се додава во соопштението на руските власти.
Според Белата Куќа, Трамп повторно ја изразил неговата надеж дека ќе се избегне трка во вооружување меѓу САД, Русија и Кина, како и дека се подготвува за самитот за контрола на вооружувањето во Виена.