Путин и Медведев ќе работат од дома

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот премиер Дмитриј Медведев одлучија да сторат нешто за да се намали сообраќајниот застој предизвикан од возилата и нивната придружба.

Тие најавија дека ќе се обидат да работат од дома или да патуваат со хеликоптер.

„Претседателот ќе го намали бројот на состаноци во Кремљ и ќе ги одржува во резиденцијата во Огарјов за да избегне попречување на сообраќајот во Москва“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Путин.

Премиерот Медведев најави често користење хеликоптер за да не се попречува сообраќајот.

 

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Руските трупи започнаа офанзива врз Суџа

(ВИДЕО) Објавенa новa военa мапa: Русите напредуваат во Курск