Путин и Ердоган разговарале по телефон по убиството на рускиот амбасадор во Анкара

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган попладнево разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин за деталите во врска со смртта на амбасадорот на Русија во Турција.

Андреј Карлов, рускиот амбасадор, беше убиен денеска во Анкара од напаѓач што извикувал „Алаху акбар“ за време на посетата на уметничка галерија во Турција.

2016 година беше брутално крвава за Турција: се случија повеќе напади од ИСИС и од разни прокурдски групи, еден неуспешен воен удар, а сега и убиство на руски дипломат на турска почва.

Убиството се случи само еден ден пред лидерите на Русија, Иран и Сирија да се сретнат на закажаниот состанок во Москва. Беше планирано странските претставници и министрите за одбрана на земјите да разговараат за ситуацијата во Алепо и за иднината на Сирија.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран