Путин и Бенет разговараа за ситуацијата во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со премиерот на Израел Нафтали Бенет и го појаснил официјалниот став на Москва за ситуацијата во Украина, соопшти прес-службата на Кремљ, наведувајќи дека разговорот бил на барање на израелски премиер.

– Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ја претстави принципиелната позиција на Русија за решавање на конфликтот, нагласувајќи ја потребата од почитување на безбедносните интереси на Русија. Тој ја истакна потребата од демилитаризација и денацификација на украинската држава, обезбедување на нејзиниот неутрален и ненуклеарен статус, признавање на суверенитетот на Русија над Крим и независноста на Народните републики Доњецк и Луганск, се вели во соопштението на Кремљ.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет споделил дел од неговите ставови за ова прашање, формирани по неодамнешните контакти со лидерите на голем број земји.

Путин и Бенет се договориле да продолжат да одржуваат контакти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Тројца загинати во израелски воздушен напад врз Џенин

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Катар потврди: Постигнат е прекин на огнот во Газа

Нетанјаху: Договор засега не е постигнат