Путин и Бан разговараа за Украина и борбата против ИД

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека воздушните напади врз позиции на екстремисти на Исламската држава во Сирија не треба да се вршат без согласност од сириските власти, соопшти Кремљ.

Путин ова го изјавил во телефонски разговор со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. Како што јави ИТАР-ТАСС, Бан и Путин разговарале за јакнење на напорите на меѓународната заедница во однос на борбата против организацијата Исламска држава.

Рускиот претседател истакнал дека воздушни напади врз цели на Исламска држава во Сирија без одобрение од Дамаск се неприфатливи.

Бан и Путин ги поздравиле напорите за прекин на огнот во Источна Украина и изразиле подготвеност да го помогнат процесот.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија