Путин го замоли папата Лав XIV да ја промовира верската слобода во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и папата Лав XIV денес го одржаа својот прв телефонски разговор, при што Путин изрази надеж дека Ватикан поактивно ќе ја промовира слободата на религијата во Украина, соопшти Кремљ.

Во соопштението се вели дека Путин и папата Лав се согласиле дека Русија и Ватикан ќе ги зајакнат врските засновани на духовни вредности и ќе ја продлабочат соработката во заштитата на христијаните, особено на Блискиот Исток.

„Двете страни го забележаа големиот личен придонес на папата Франциск во зајакнувањето на односите меѓу Русија и Светата столица. Беше договорено да се продолжат напорите насочени кон понатамошен развој на овие врски врз основа на обединување на духовните и моралните вредности, во интерес на градење поправеден светски поредок“, соопшти Кремљ.

Би можело да ве интересира

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена

Зеленски: Путин не е во затвор, тоа е најголемиот компромис досега

Путин не остапува: Средба со Зеленски само во Москва

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин