Путин: Главна задача е зајакнување на суверенитетот на Русија

Од:

Постоењето на Русија без суверенитет е невозможно, главна задача е нејзиното зајакнување, безбедноста на границите и обезбедувањето на правата и слободите на граѓаните, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на годишната прес-конференција.

„За земја како Русија, постоењето, едноставното постоење на нашата земја, без суверенитет е невозможно. Тоа едноставно нема да постои. Барем во формата во која постои денес и во која постоеше илјада години“, рече Путин сумирајќи ја годината.

Тој изјави дека ова се однесува на зајакнување на надворешниот суверенитет, односно зајакнување на одбранбените капацитети на земјата и надворешната безбедност, потоа на зајакнување на јавниот суверенитет, односно безусловно обезбедување на правата и слободите на граѓаните и развој на политичкиот систем, како и обезбедување на безбедност и суверенитет во економската и технолошката сфера, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра