Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин денеска телефонски разговараа за најновите нуклеарни проби на Северна Кореја, соопшти Кремљ.
Путин исткакна дека дипломатијата и разговорите се единствен начин за надминување на кризата.
Рускиот претседател потенцира и дека најновите севернокорејски нуклеарни проби се сериозна закана за мирот и безбедноста на регионот.
– Многу лесно е за државите кои се вон регионот да кажат „војна“, но тие во регионот би требало да се попаметни и побалансирани, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, алудирајќи на ставот на САД кои побараа посилен одговор кон Пјонгјанг.