Путин: Духовното единство на народите на Русија и Украина е силно

Од:

Духовното единство на народите на Русија и Украина е толку силно што на него не влијаат никакви власти, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во Киев за време на прославата на 1.025 години од примањето на христијанството во киевска Русија.

– Духовното единство е отпорно, така што не му пречат никакви акции од власта, акции ниту од државните, ниту од црковните власти. Бидејќи без оглeд на власта над луѓето, таа не може да биде посилна од власта на Бог, изјави Путин, пренесува Танјуг.

Рускиот претседател истакна дека хуманитарните и духовни врски се добра основа за руско-украинско пријателство како и дека голема заслуга има Руската православна Црква за одбрана на верата за време на сите тешки историски периоди, искушенија и трагедии.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека прославата на 1.025 години од примањето на христијанството во киевска Русија е празник на единство на народите на Украина и Русија.

Јанукович изјави дека двајцата претседатели треба да разговараат за голем број теми и прашања, изразувајќи увереност дека постои заеднички интерес за создавање услови за развој на економијата и соработка во различни области.

Посетата на рускиот претседател и рускиот патријарх беше проследена и со протести на околу стотина луѓе на Европскиот плоштад во Киев во знак на протест. Демонстрантите скандираа „Надвор московски попови“ и „Доле руски Империјализам“.

Според украинските медиуми полицијата уапсила и 10 лица од група демонстранти што протестирале на Плоштадот на независноста во центарот на Киев.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски