Путин доби хелиодром

Од:

Изградбата на писта за хеликоптери наменета за рускиот претседател Владимир Путин е во завршна фаза.

Портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, тврди дека архитектурата на Кремељ нема да претрпи никаква штета од новиот хелиодром.

-При донесување на решението за оптимално место за пистата ги зедовме во предвид сите можни влијанија врз архитектурата и утврдивме дека нема да има никаква штета од користењето на тешка техника како што е МИ-8 , истакна Песков и додаде дека Путин се вози исклучиво со хеликоптери од тој вид.

За да се намали ризикот од штети, на сите историски градби поставени се специјални детектори кои би требало да реагираат и на најмало пореметување.

За редовно користење на хеликоптер наместо автомобил, за високи државни функционери во Кремељ започна да се размислува по големиот број критики на сметка на честите ВИП колони со ротирачки светла низ улиците на Москва.

Изградбата на хелиодром за премиерот на Русија Дмитриј Медведев во т.н. Бела куќа во Москва е завршена кон крајот на март.

За разлика од Путин , премиерот не користи МИ-8, туку италијански хеликоптер Аугуст АW 139.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца

Украина: Руските трупи извршија 15 воздушни напади во Курск

Песков: Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он