Путин до Вучиќ: Се надевам дека ќе успееме понатаму да градиме конструктивна соработка за доброто на браќата народи

Од:

Александар Вучиќ се најде во избраната листа на државници на кои Владимир Путин годинава реши да им испрати новогодишна честитка. Рускиот претседател му посака на својот српски колега да продолжи да гради билатерална соработка.

„Честитајќи му ги Новата година и Божиќ на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, Владимир Путин истакна дека руско-српските односи во изминатата година прогресивно се развиваа врз принципите на стратешко партнерство: практична соработка во трговската, економската, културна и хуманитарна сфера, продлабочена доверба, политички дијалог и координација на напорите во меѓународните и регионалните работи, што е особено неопходно во актуелната тешка геополитичка ситуација.

Се надевам дека со заеднички напори ќе успееме понатаму да градиме конструктивна и повеќестрана билатерална соработка за доброто на браќата народи на Русија и Србија“, истакна рускиот претседател во својата порака.

Путин ги упати најдолгите честитки до лидерите на Белорусија, Казахстан, Индија, Кина, Куба и Турција. Што се однесува до лидерите на ЕУ, Путин упати честитки само до Виктор Орбан, кому му напиша дека „и покрај тешката меѓународна ситуација, односите меѓу земјите одржуваат позитивен тренд“.

Би можело да ве интересира

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети