Путин до Меркел: Неприфатливо е секое ново забавување на рускиот конвој во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин на германскиот канцелар Ангела Меркел и кажал дека секое ново забавување на рускиот хуманитарен конвој за Украина, што денеска влезе на украинска територија, ќе биде неприфатливо, се наведува во соопштението на Кремљ.

Во телефонски разговор, што се оддржал на иницијатива на Меркел, Путин објаснил дека заради оддолговлекувањето на Киев Москва одлучила да придвижи дел од камионите со хуманитарна помош, што веќе една недела чекаат на украинската граница.

Рускиот претседател изразил загриженост од нараснатата употреба на сила од страна на украинската Влада во сепаратистичките региони на источна Украина.

Меркел и Путин ги разгледале можните патишта за постигнување примирје во источна Украина.

Меркел утре ќе замине во посета на Киев.

Од друга страна, украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска изјави дека Русија го испрати големиот хуманитарен конвој во воено раскараната источна Украина за да создаде услови за провокација, пренесоа американските медиуми.

Во директното интервју на националната телевизија Јацењук кажа дека рускиот план за испраќање 200 полупразни камиони во Украина нема за цел испорака на помош за тешко засегнатиот град Луганск, туку негова цел е да се предизвика меѓународен инцидент, да се предизвика напад врз конвојот и да се организира провокација, смета украинскиот премиер.

Запрашан дали денешното навлегување на руската колона камиони ја смета за упад, премиерот рече дека руската инвазија во Украина е почната уште во текот на март, со анексијата на Крим.

Активностите на Русија покажуваат дека Русија не може да ги прифати украинските чекори за интеграција со Европа, додаде украинскиот премиер, цитиран од британските медиуми.

-Целта не е Доњецк или Луганск. Целта е Украина, изјави Јацењук, коментирајќи ја руската поддршка на сепаратистите во источниот дел ан земјата.

Според него, Москва не може да го прифати фактот дека Украина ја донесе одлуката за потпишување на политичките и економските спогодби со ЕУ, што ќе бидат ратификувани во текот на септември.

-Ништо нема да не запре. Ја донесовме таа одлука. Ние сме дел од Европа. Точно таму одиме, изјави Јацњук во интервјуто на националната телевизија.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“