Путин бара неговата војска да го запре гранатирањето од Украина

Од:

Владимир Путин и нареди на својата војска да го запре гранатирањето од Украина и тоа да биде приоритет за време на состанокот на владата за обнова на уништените станови и инфраструктура во југозападните региони на Русија. „Се разбира, приоритетна задача е да се елиминира самата можност за гранатирање. Но, тоа е работа на воениот оддел“, рече Путин во забелешките објавени на веб-страницата на Кремљ.

Тој рече дека руските региони Белгород, Брјанск и Курск, како и Крим, кој Русија го зазеде од Украина и го анектираше во 2014 година, се области каде што становите беа оштетени или уништени. „Многу луѓе се најдоа во тешка ситуација, останаа без домови, беа принудени да се преселат кај роднини или во привремени места на живеење, се соочија со прекини во снабдувањето со вода, парно и струја“, рече тој.

Иако Украина не ја презеде одговорноста за нападите, таа ги опиша како „карма“ за руската инвазија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите објавија дека со ракета Москит погодиле цел на оддалеченост од 100 километри

Експлозии одекнуваат во Киев

(ВИДЕО) Орландо Блум се сретна со Зеленски: Твојот пораз ќе биде пораз на надежта, затоа мора да победиш

ВИДЕО: Објавена снимка од мистериозен црн круг на небото над Москва

Предраг Петровиќ

Објавен наводен разговор меѓу руски милјардер и продуцент: Путин е сатана

Украински генерал: Одбраната на Бахмут е воена потреба

Ана Ололовска