Путин бара извинување од Холандија поради дипломатскиот инцидент

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара извинување од Холандија бидејќи во Хаг е приведен руски дипломат од Амбасадата на Русија.

– Ова е тешко кршење на Виенската конвенција. Чекаме објаснување и извинување, како и казнување на одговорните, изјави Путин во Индонезија, каде учествува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Холандската полиција упадна во станот на советникот на Амбасадата на Русија во Хаг, Дмитриј Бородин бидејќи бил пријавен од соседите дека лошо се однесува кон децата, а потоа бил приведен во полиција.

Руското Министерство за надворешни работи упати остар протест до Холандија.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски