Путин: Ако Украина сака мировни преговори, нека го поништи указот за забрана на преговорите

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ако Украина сака преговарачки процес, тогаш е неопходно да се укине указот за забрана на преговори со Русија, додавајќи дека не се потребни театарски гестови.

„Доколку украинската страна сака вистински преговарачки процес, тогаш тоа треба да се случи, не со некои театарски гестови, туку прво треба да се укине указот на претседателот на Украина за забрана на преговорите“, рече Путин за време на прес-конференцијата по неговата посета на Кина.

Коментирајќи ја претходната изјава на американскиот претседател Џозеф Бајден дека Русија го загубила конфликтот во Украина, тој изјави дека тогаш Америка треба да го повлече оружјето.

Тој оцени дека САД се повеќе се вклучени во конфликтот во Украина.

„Тие се повеќе лично се вклучуваат во овој конфликт, тоа е очигледно. И никој да не каже дека немаат врска со ова. Веруваме дека имаат“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск