Пушков: САД една година глумат дека напаѓаат цели на ИД

Од:

Претседателот на рускиот Парламентарен совет за меѓународни односи, Алексеј Пушков оцени дека САД потрошиле една година бомбардирајќи ја пустината во Сирија и Ирак, наместо да напаѓаат цели на џихадиситчката група Исламска држава (ИД).

– (Американскиот сенатор Џон) Меккејн не обвинува дека ги напаѓаме бунтовниците што ги обучувале САД. Но, тоа е невозможна мисија, бидејќи тие или се веќе избегани или и се придружија на Ал Каеда, напиша Пушков на својот налог на Твитер, одговарајќи на нападите на западни официјални претставници и медиуми дека руските сили во Сирија наместо ИД ги напаѓаат бунтовниците што се борат против силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад.

Претходно, вчера во интервју за француското радио Европа 1, Пушков најави дека воздушните напади на руските авиони во Сирија би можеле да потраат три до четири месеци.

– Коалицијата под водство на САД поторши една година глумејќи дека напаѓа цели на ИД. Какви се резултатите од тие напади?, праша реторички Пушков во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала